Романскиот патријарх изрази солидарност со сириските христијани кои се опфатени од тековните конфликти

Неговото Блаженство Патријархот Романски Даниел испрати порака со солидарност до Неговото Блаженство Јован X, патријарх Антиохиски и на целиот Исток.

Романската православна црква ја изразува својата длабока солидарност со православните христијани во Сирија во контекст на неодамнешните конфликти.

Букурешт, 10 декември 2024 г.

До Неговото блаженство Јован X,

Патријарх Антиохиски и на целиот Исток

Ваше Блаженство,

Во контекст на неодамнешните настани во Сирија, би сакале да Ве увериме за нашата најдлабока солидарност со православните христијани под духовна и канонска јурисдикција на Вашето Блаженство, како и со сите што страдаат од тековното насилство и од конфликтите.

Го молиме Семилостивиот Бог да ги заштити сите христијански заедници во земјата, одржувајќи ги цврсти во верата и надежта. Истовремено, се молиме нашиот Господ Исус Христос да им подари мир и стабилност на луѓето во Сирија, за да можат да се вратат во својата држава оние што биле принудени да се иселат и да придонесат за обновата и зајакнувањето на нивните заедници.

Со братска љубов во Христа Господа,
† Даниел,
Патријарх на Романската православна црква

Извор: https://basilica.ro/en/patriarch-daniel-expresses-solidarity-with-syrian-christians-amid-ongoing-conflicts/