Романскиот патријарх му честита на папата Лав XIV: Обединетиот христијански глас е неопходен како никогаш досега

Неговото Блаженство Даниел, патријарх на Романската православна црква, упати топли честитки до Неговата Светост папата Лав XIV, по повод неговиот избор за нов епископ на Рим и папа на Римокатоличката црква.

Во неговата порака, романскиот патријарх нагласи, дека во светот кој се соочува со повеќекратни кризи „обединетиот глас на христијаните е неопходен како никогаш досега, за да понуди порака на надеж, солидарност и љубов“.

Целосниот текст:

Неговата Светост папа Лав XIV,
Ватикан

Ваша Светост,

Христос воскресна!

Би сакале да ги упатиме до Вашата Светост нашите топли честитки по повод Вашиот избор за 267-ми епископ на Рим и папа на Римокатоличката црква.

Потполно сме уверени дека Вашата Светост ќе продолжи да го промовира духот на дијалогот, мирот и соработката меѓу Римокатоличката црква и Православната црква. Во светот кој се соочува со повеќекратни духовни, економски и социјални кризи, обединетиот глас на христијаните е неопходен како никогаш досега, за да понуди порака на надеж, солидарност и љубов.

Истовремено, се надеваме дека Вашата Светост ќе продолжи да ги поддржува романските православни верници кои во голем број живеат во западноевропските земји, особено во Италија, како што постојано постапуваа Вашите почитувани претходници, папата Бенедикт XVI и папата Франциск.

Со срдечни поздрави во Христа,

† Даниел
Патријарх на Романската православна црква

Извор: https://basilica.ro/en/romanian-patriarch-congratulates-pope-leo-xiv-the-united-christian-voice-is-needed-more-than-ever/