Руска Црква: молебен за вразумување на оние што имаат намера да абортираат

На 26 декември 2025 година членовите на Светиот Синод на Руската Православна Црква го разгледаа прашањето за одобрување на текстот на молебенот за вразумување на оние што имаат намера да извршат убиство на младенецот во утробата (абортус).

Претходно, Светиот Синод, на седницата од 30 октомври одлучи: „Секоја година, на 29 декември / 11 јануари, на денот на споменот на мачениците 14.000 младенци, од Ирод убиени во Витлеем, насекаде, со соодветно објаснување, во сугубата ектенија на Божествената литургија да се вклучуваат прозбите од сугубата ектенија на наведениот молебен, а по сугубата ектенија на Божествената литургија — молитвата од овој молебен. По усрдност и по слободна одлука на настојателите, на овој ден да се извршува и целиот молебен по завршувањето на Божествената литургија“. Покрај тоа, Светиот Синод одлучи: „Во останатите денови од годината наведениот молебен да се извршува како одговор на пристигнати барања или според утврден распоред, по одлука на настојателите и парохиските совети“.

Во исто време, Синодот ѝ наложи на Синодската богослужбена комисија да го подготви и достави на разгледување текстот на молебенот за вразумување на оние што имаат намера да извршат убиство на младенецот во утробата.

Учесниците на седницата на Светиот Синод од 26 декември донесоа одлука да го одобрат текстот на молебенот за вразумување на оние што имаат намера да го погубат младенецот во утробата и да го испратат наведениот текст до Издавачката куќа на Московската Патријаршија и до епархиите.

Текстот треба да биде придружен со упатствата усвоени од Светиот Синод на седницата од 30 октомври, со појаснување дека во сугубата ектенија на Божествената литургија, на денот на споменот на мачениците 14.000 младенци, од Ирод убиени во Витлеем, треба да се вклучуваат првите две прозби од сугубата ектенија на одобрениот молебен.

Извор: https://www.patriarchia.ru/article/119016