Руската Црква предлага подобрување на системот за медицинска помош за бездомници

На 10 октомври се одбележува Светскиот ден на бездомниците. По повод овој датум, добротворната фондација за поддршка на социјални иницијативи „Пријатели на милосрдието“, заедно со Синодскиот оддел за црковна добротворност и социјална служба, организира национална анкета во која ќе учествуваат вработените и штитениците на организациите за бездомници. Истражувањето ќе овозможи подобрување на ефикасноста на социјалната и медицинската помош потребна за бездомните лица.

Социолошкото истражување се спроведува во рамките на проектот „Достапна медицина за бездомници – искуството на првите за сите“, кој е поддржан од Фондот за претседателски грантови.

„Меѓу бездомниците има многу болни кои страдаат од наркомански заболувања и ментални нарушувања од најширок спектар. Со такви луѓе често никој не се занимава, немаат блиски роднини, а самите не се во состојба да се грижат за себе. Не се дури ни во состојба да се обратат на лекар“, истакнува Андреј Јакунин, раководител на Управата за помош на бездомници при Синодскиот оддел. „Во текот на истражувањето очекуваме да видиме резултати кои ќе ни овозможат аргументирано да ѝ предложиме на Владата да го подобри системот за помош на бездомниците и да го направи подостапен за нив.“

Во Русија, со учество на Црквата, отворени се 103 засолништа за бездомници, работат 23 автобуси на милосрдието – мобилни пунктови за помош на бездомници. Црковните проекти за помош на бездомниците можат да се поддржат на платформата mirom.help. За една и пол година од нејзиното постоење, помош добиле 18 црковни проекти кои се занимаваат со поддршка на бездомници.

Извор: https://www.diaconia.ru/v-cerkvi-predlagayut-usovershenstvovat-sistemu-medicinskoj-pomoshhi-bezdomnym