На официјалната веб-страница за правни акти на Руската Федерација е објавен Указ за доделување државни награди од претседателот Путин, од 17 ноември 2025 година – известува официјалната интернет страна на Руската Православна Црква.
Според документот, „за голем придонес во зајакнување на пријателството, соработката и духовните врски со Руската Федерација“, Неговото Блаженство Патријарх Ерусалимски Теофил, е одликуван со Орден за пријателство.
