Руската православна црква доби дозвола за вршење религиозна дејност во Мјанмар

На 18 февруари 2025 година, во градот Најпјидо, главниот град на Републиката на Унијата Мјанмар (РУМ), се одржа церемонија на потпишување на договор за одобрување на религиозната дејност помеѓу Владата на РУМ, Министерството за верски прашања и култура на РУМ, Одделот за верски прашања и парохијата на Патријаршискиот егзархат на Југоисточна Азија на Руската Црква во Мјанмар, известува интернет страницата на Егзархатот. 

На настанот присуствуваа министерот за верски прашања и култура на РУМ, У Тин У Лвин, вонредниот и ополномоштен амбасадор на Руската Федерација во РУМ, И.К. Азизов, патријаршискиот егзарх на Југоисточна Азија, митрополитот Сингапурски и Југоисточноазијски Сергиј, претставници од Одделот за верски прашања и култура, како и членови на рускиот дипломатски корпус во Мјанмар. 

У Тин У Лвин ја нагласи важноста на одлуката на мјанмарските власти за одобрување на религиозната дејност на Московската патријаршија во земјата, истакнувајќи дека ова прашање било иницирано од министерот за надворешни работи на Руската Федерација, Сергеј Лавров. 

Митрополитот Сергиј изрази благодарност до раководството на Мјанмар и нагласи дека овој настан се случува во годината на 77-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Мјанмар и Русија. Патријаршискиот егзарх истакна дека идниот православен храм во Јангон, еден од најголемите градови во земјата, ќе биде уште еден украс на градот и видлив симбол на духовната блискост и взаемно разбирање меѓу народите на Русија и Мјанмар.

Извор: https://exarchate.asia/2025/02/18/v-stolicze-myanmy-bylo-podpisano-soglashenie-o-razreshenii-osushhestvleniya-religioznoj-deyatelnosti-prihodu-patriarshego-ekzarhata-yugo-vostochnoj-azii-russkoj-pravoslavnoj-czerkvi/