Руската Православна Црква го отстрани Патријаршискиот егзарх за Западна Европа од управување

Митрополит Корсунски и Западноевропски Нестор

Патријархот Московски и на сета Рус г.г. Кирил го отстрани митрополитот Корсунски и Западноевропски г. Нестор од управувањето со Патријаршискиот егзархат на Западна Европа на Руската Православна Црква, како и со Корсунската и Шпанско-Португалската епархија и со парохиите на Руската Црква во Италија. Ова го соопшти официјалниот сајт на Патријаршијата, patriarchia.ru.

Во наредбата на Поглаварот на Руската Православна Црква се наведува дека митрополитот Нестор е отстранет поради започнување на црковно-судска постапка против него. Причините за судската постапка не се прецизираат.

Управувањето со овие црковни структури му е доверено на митрополитот Рјазански и Михајловски г. Марко.

Извор: https://www.patriarchia.ru/article/118160