Руската православна црква им предаде помош на жителите на Мадагаскар, настрадани од циклонот „Гезани“

На 10 февруари 2026 година источниот брег на Мадагаскар беше погоден од силниот тропски циклон „Гезани“, кој директно го удри вториот по големина град во земјата — Туамасина — и неговата околина. Како резултат на стихијата имаше загинати, улиците беа поплавени, куќи оштетени, столбови од електромрежата урнати, а дрвја искорнати со корен. Ударот на природната непогода ги зафати и парохиите и верниците на Руската православна црква во овој дел од островот.

Со поддршка на дарители, Патријаршискиот егзархат на Африка им предаде хуманитарна помош на настраданите.

Од 17 до 23 февруари распределбата на помошта на локалните жители ја координираа настојателот на Северниот црковен округ на Мадагаскар, свештеникот Василиј Рандрианајву и клириците од парохијата свештеник Серафим Зафилаји и свештеник Јоаким Цимакуа.

Беа купени и поделени 7 тони ориз, 1200 шишиња растително масло, 50 ќебиња, 37 комплети осветлувачка опрема и градежни материјали од дрво и метал за поправка на домови. Исто така, семејствата добија пакувања бисквити, тестенини и средства за хигиена.

Вкупно помош добија 1150 семејства во населбите и околината на Туамасина — Танамакуа, Мурарану, Мангарану, Аналаканинина и Махадзанга.

На 22 февруари, во Сиропусна недела — спомен на изгонувањето на Адам (Прочка) — свештеник Василиј Рандрианајву и свештеник Серафим Зафилаји отслужија Божествена литургија во парохијата Света Троица – Туамасина.

По богослужбата беше отслужен молебен за настраданите. По службата следуваше делење помош, во кое учествуваа парохијани, меѓу кои и млади и тинејџери.

Извор: https://exarchate-africa.ru/novosti/russkaya-pravoslavnaya-czerkov-peredala-pomoshh-zhitelyam-madagaskara-postradavshim-v-rezultate-cziklona-gezani/