Руската православна црква создаде платформа што овозможува затворениците да посетуваат тримесечен курс за основите на православието, Светото писмо и црковната историја.
Проектот е заедничка иницијатива на Синодскиот оддел за затворска мисија, Православниот универзитет „Св. Тихон“ во Москва и организацијата „Јас сум со тебе“. Според Синодскит оддел, пилот-програмата ќе биде спроведена во три затвори во Владимирската, Рјазанската и Тверската област на Руската Федерација.
Раководителот на Синодалниот оддел за затворска мисија, о. Кирил Марковски, и директорката на организацијата „Јас сум со тебе“, Марина Калачева, долги години се посветени на мисионерската работа во затворите, посетувајќи казнено-поправни установи и помагајќи им на затворениците со испорака на подароци и храна. О. Кирил редовно служи во црковните капели во затворите, исповеда и причестува затвореници, и е запознаен со нивната потреба од духовна помош и поддршка.
Синодскиот оддел пишува за духовноста во затворските услови:
„Затворската казна е едно од најтешките искушенија за човекот, но воедно е и клучна животна етапа која помага во осознавање на вистинските вредности, преиспитување на минатото, учење да се цени секој миг, доаѓање до верата во Бога и пронаоѓање сила за борба против страстите и пороците. Парадоксално, но токму во затвор многумина првпат го наоѓаат патот до Бога, почнуваат да присуствуваат на богослуженија и да читаат религиозна литература. Како што самите затвореници признаваат во своите бројни писма, без Господа и Неговата помош, тешко би го издржале испитот на затворскиот живот.“
Курсот чини 200.000 рубли по затвореник. Организацијата „Јас сум со тебе“ работи на собирање средства за што повеќе затвореници да можат да учествуваат во програмата.
Извор: https://turemnoe-sluzhenie.ru/tpost/rmk7b0nj41-sinodalnii-otdel-po-tyuremnomu-sluzheniy преку: https://orthochristian.com/166884.html
