Руската Православна задгранична Црква работи на отворање нова семинарија во Европа следната година. Одлуката била донесена од Светиот архијерејски синод на седницата во декември 2025 година, известува епархијата на Велика Британија и Западна Европа.
Новиот институт ќе биде посветен на свети Јован Шангајски и Санфранциски, би додале и: Битолски, Чудотворецот на Западна Европа. Планирано е да започне со работа во есента 2027 година и ќе функционира паралелно со постоечката богословија на Задграничната Црква на англиски јазик во Џорданвил, САД.
Институтот претставува важен чекор во подготовката на идните свештенослужители и во развојот на богословското образование меѓу верните на Руската Православна Задгранична Црква.
Во моментов се работи на академските програми за новата семинарија. Црковните власти започнаа анкета за да го утврдат нивото на интерес за различни форми на студирање меѓу потенцијалните студенти и пошироката црковна заедница. Резултатите од анкетата ќе помогнат во обликувањето на наставната програма и насоката на институтот според потребите на Црквата.
Извор: https://orthodox-europe.org/content/a-new-rocor-seminary-for-europe-preparatory-survey/
