Архијерејскиот собор на Руската Задгранична Црква донесе одлука за почеток на прославувањето на отец Серафим Роуз меѓу светителите. Според информациите на Сојузот на православни журналисти, Синодот на Руската Задгранична Црква ја признал праведноста на јеромонахот Серафим Роуз.
На своето заседание на 4 мај 2026 година Архијерејскиот собор на Руската задгранична Православна Црква била донесена одлука за започнување на канонизацијата на јеромонахот Серафим Роуз. Оваа информација засега не е официјална и има потреба од потврда.
Архијерејскиот собор на Руската Задгранична Црква ја започна својата работа на 29 април 2026 година во Германија, како што известивме. Седниците се одржуваат во манастирот на света преподобномаченичка и велика кнегиња Елисавета Фјодоровна во Бухендорф, предградие на Минхен.
Јеромонахот Серафим Роуз се смета за еден од најпознатите православни подвижници, мисионери и духовни писатели на XX век. Роден е во САД, го примил православието и со своите дела оставил силно влијание врз православниот живот на многу верници во различни земји.

