Руската православна црква назначи втор епископ за својот Егзархат во Африка

Светиот Синод на Руската православна црква назначи викарен епископ за својот Егзархат во Африка, каде што до сега единствен архијереј беше Митрополитот Зарајски Константин – Патријаршискиот Егзарх за Африка.

На својата седница на 24 октомври, Синодот одлучи да го ослободи Неговото Преосвештенство Епископот Евтимиј Луховитски од неговите позиции како Претседател на Синодалното мисионерско одделение и игумен на ставтопигијалниот манастир Високо-Петровски во Москва и да го назначи за викар на Патријаршискиот егзархат на Африка, со истата титула – известува Patriarchia.ru.

Извор: http://www.patriarchia.ru/db/text/6167692.html