На 14 април 2025 година, во понеделникот од Страстната седмица, во малиот храм на Донскиот ставропигијален манастир во Москва, Светејшиот Патријарх Московски и на сета Рус г.г. Кирил отслужи молебен по повод почетокот на чинот на мироварението.
На Неговата Светост му сослужуваа: митрополитот Каширски Теогност, архиепископот Одинцовски и Красногорски Тома, епископот Раменски Алексиј, браќата во свештенички чин од Свето-Троицката Сергиева лавра и Донската обител, како и московското свештенство.
По извршувањето на малиот чин на водоосветување, Претстојателот на Руската Православна Црква со осветена вода ги пороси печката, котелот, садовите со зачини, вино и масло. Патријархот Кирил ги благослови состојките за приготвување на светото миро — во котелот беа налеани света вода, вино, елеј и додадени зачини. Потоа, со трикириј ги запали специјалните дрва во печката за мироварење.
Потоа Патријархот го прочита првиот оддел од Евангелието според Матеј. За време на читањето два ѓакони со специјални мешалки и започнаа со мешање на состојките за мирото.
Чинот на мироварење, за време на кој непрекинато ќе се чита Четвороевангелието, ќе заврши на Велики Четврток со осветување на мирото во храмот „Христос Спасител“.
Оваа година, за извршување на тајната на Миропомазание, осветување на храмови и антиминси, се подготвуваат околу 300 литри миро, кое се состои од различни растителни масла, ароматични тревки и благоухани смоли (вкупно над 100 состојки).