На 10 април 2025 година, Светиот Синод на Руската Православна Црква усвои изјава по повод донесувањето на закон од страна на Парламентот на Естонија, со кој се дискриминираат бројни верници во оваа земја и им се ускратува слободата на вероисповед, а исто така побара од Светејшиот Патријарх Московски и на сета Рус г.г. Кирил да упати соодветни обраќања до претстојателите на Помесните Православни Цркви, поглаварите на инославните Цркви и христијанските заедници, како и до раководителите и претставниците на меѓународни организации.
Во обраќањата кои на 11 април ги испрати Светејшиот Патријарх Кирил, се вели:
„Со чувство на длабока загриженост Ве известувам дека на 9 април 2025 година, Парламентот на Естонија усвои измени на законот за цркви и парохии, со кои фактички се забранува Естонската Православна Христијанска Црква — самоуправна Црква во состав на Московската Патријаршија.
Законот што ѝ ја одзема легитимноста, го крши основниот принцип на слободата на совеста и вероисповедта, гарантиран од Уставот на Естонија и соодветните меѓународни акти.“
Обраќајќи се со братско барање за ревносна молитва за прогонетата Естонска Православна Христијанска Црква до:
– Блаженејшиот Патријарх на Антиохија и целиот Исток Јован X,
– Блаженејшиот Патријарх на Светиот Град Ерусалим и цела Палестина Теофил III,
– Светејшиот и Блаженејши Католикос-Патријарх на цела Грузија Илија II,
– Светејшиот Српски Патријарх Порфириј,
– Блаженејшиот Романски Патријарх Даниел,
– Светејшиот Бугарски Патријарх Даниел,
– Блаженејшиот Архиепископ на Тирана и цела Албанија Јован,
– Блаженејшиот Митрополит на Варшава и цела Полска Сава,
– Блаженејшиот Митрополит на Чешките Земји и Словачка Ростислав,
– Блаженејшиот Митрополит на Америка и Канада Тихон,
– Блаженејшиот Архиепископ Охридски и Македонски Стефан,
Неговата Светост истакна: „Сметам на вашата братска поддршка во ова тешко време за православието во Естонија.“
Меѓу адресантите се и водачите на инославните Цркви и меѓухристијански организации, меѓу кои:
– Коптскиот Патријарх Светејшиот Тавадрос II,
– Римскиот Папа Светејшиот Франциск,
– Патријархот и Католикос на сите Ерменци Светејшиот Гарегин II,
– Католикосот на Големиот Дом Киликиски Светејшиот Арам I,
– Католикос-Патријархот на Асириската Црква на Истокот Светејшиот Мар Ава III,
– Маронитскиот Патријарх Блаженејшиот Бешара Бутрос, кардинал Ар-Раи,
– Католикосот на Истокот и Митрополитот на Маланкарската Црква Светејшиот Василиј Мар Тома Матфеј III,
– Етиопскиот Патријарх Светејшиот Абуна Матиј,
– Еритрејскиот Патријарх Светејшиот Абуна Василиј,
– Архиепископот од Јорк, примас на Англија, Стивен Котрел,
– Претседателот на Евангелистичката асоцијација на Били Греам, г. Френклин Греам,
– Генералниот секретар на Светскиот совет на цркви, пастор и професор Џери Пилеј.
Светејшиот Патријарх Кирил ги повика христијанските лидери „кои можат да ги отворат своите усти за правдата (Изреки 31, 9)“ да застанат во поддршка на Естонската Православна Христијанска Црква во ова нејзино тешко време.
Неговата Светост се обрати и до државни лидери од странство, меѓу кои:
– Претседателот на Република Србија Александар Вучиќ,
– Премиерот на Унгарија Виктор Орбан,
– Претседателот на САД Доналд Трамп,
при што истакна дека ги познава нивните напори во заштитата на христијанските вредности и правата на христијаните.
Дополнително, обраќања се испратени и до раководители и претставници на меѓународни и човекови права организации, како што се:
– Генералниот секретар на Обединетите Нации Антонио Гутереш,
– Високиот комесар на Обединетите Нации за човекови права Фолкер Тирк,
– Генералниот секретар на ОБСЕ Феридун Хади Синирлиоглу,
– Директорката на Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права г-ѓа Марија Телалијан,
– Генералниот секретар на Советот на Европа Ален Берсе,
– Високиот комесар на ОБСЕ за прашања на националните малцинства Кристофер Камп,
– Специјалниот известувач на Советот на Обединетите Нации за човекови права по прашањето за современите форми на расизам, расна дискриминација, ксенофобија и поврзана нетолеранција г-ѓа К. П. Ашвини,
– Специјалниот известувач на Советот на Обединетите Нации по прашањето за слободата на религијата или верувањето г-ѓа Назиле Ганеа.
Светејшиот Патријарх Московски и на сета Рус Кирил, исто така, им ја приложи на вниманието на адресантите и изјавата на Светиот Синод на Руската Православна Црква од 10 април, во која се осудува усвоениот законски акт во Естонија.