Рускиот Патријарх Кирил се сретна со претседателот на Управата за муслиманите од Кавказот

На 4 мај 2025 година, во Баку, престолнината на Азербејџан, Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил се сретна со претседателот на Управата за муслиманите од Кавказот, шеик-ул-исламот Аллахшукур Пашазаде.

На средбата присуствуваа Епископот Бакински и Азербејџански Алексиј, личниот секретар на Патријархот Кирил — Епископот Раменски Алексиј, секретарот на Бакинската епархија протоерејот Дионисиј Свечников, првиот заменик на шеик-ул-исламот — муфтијата Хаџи Салман Мусаев, пратениците во Парламентот на Република Азербејџан — Полад Бјуљбјуљ оглу и братот на Аллахшукур Пашазаде, Џаваншир Пашазаде, заменик-претседателот на Државниот комитет на Азербејџан за верски прашања, Сахиб Нагиев и други, соопшти Прес-службата на Патријархот на Москва и цела Русија.

Претседателот на Управата за муслиманите од Кавказот, поздравувајќи го Поглаварот на Руската Православна Црква, меѓу другото изјави:

„Многу ми е драго што Ве пречекувам во мојот дом. Со Вас ме врзуваат долги години пријателство, братство, взаемна поддршка, и нашите односи имаат цврста основа поставена уште во времето на нашиот национален лидер Хејдар Алиев. Учествувавте на многу средби со него, а и блаженоупокоениот Патријарх Алексиј беше дел од тој процес. Многу сум радосен што денес господинот Претседател Илхам Алиев целосно ја поддржува оваа убава традиција.

Што се однесува до односите меѓу Управата за муслиманите од Кавказот и Руската Православна Црква – тие, фала му на Севишниот, се цврсти, стабилни и непоколебливи, благодарение на Вашето лично учество и раководење. Ви благодариме што го испративте Владика Алексиј во Азербејџан да ја раководи епархијата. Тој е многу активен човек, соработуваме одлично, и се надевам дека ќе биде уште подобро.“

Во својот одговор, Неговата Светост Патријархот Кирил рече:

„Во Русија живеат и православни и муслимани, но по милоста Божја, во нашата земја никогаш немало верски војни. Така сме воспитани. Така било и во царско време – царевите внимателно следеле да не дојде до конфликти меѓу православните и муслиманите. Знаете дека и на двор, во блиското опкружување на државниот врв, имало муслимански војсководци. Со други зборови, исламската ума, муслиманите и како поданици на Руското Царство, и како граѓани на Советскиот Сојуз, а особено сега – играат важна улога во зачувувањето на меѓунационалниот мир во Русија и претставуваат мост што ги поврзува Русија и исламскиот свет, како и нашите народи.

Ако зборуваме за дипломатија – не како уметност на постигнување политички цели по секоја цена, туку како алатка за градење добри односи меѓу народи и држави – тогаш Вашето учество, со Вашиот талент и авторитет, носи голема корист за нашите земји и нашиот народ. Ви благодарам од срце.“

Извор: https://mospat.ru/ru/news/93187/