Неговата Светост Патријархот Московски и на сета Рус Кирил упати порака до Неговото Блаженство Патријархот на Велика Антиохија и на целиот Исток Јован X, во која изрази сочувство и братска поддршка поради нападот на вооружени екстремисти врз православните христијани во Сирија.
Во продолжение ова писмо го објавуваме во целост.
На Неговото Блаженство Јован X,
Патријарх на Велика Антиохија и на целиот ИстокВаше Блаженство, возљубен во Господа собрате и сослужителу пред престолот Божји!
Срдечно Ве поздравувам со желби за мир, добро здравје и семоќна Божја помош во Вашето многотрудно патријаршиско служење.
Откако дознав за нападот на вооружени екстремисти врз православните христијани во градот Скалбија и за извршените погроми и вандализам, изразувам искрено сочувство и братска поддршка кон Вашето возљубено Блаженство и кон Вашето христоименито паство. Во целост ја поддржувам изјавата на светата Антиохиска Црква во врска со нападот и заедно со Вас ги повикувам надлежните органи да спроведат темелна истрага на случувањето, да ги повикаат на одговорност виновниците и да направат сè за да се обезбеди безбедноста на христијаните во Сирија.
Ве уверувам во моите молитви за Вас, драг собрате, и за апостолската Црква на Велика Антиохија што ја предводите, чии чеда, приближувајќи се кон подвигот на Страсната седмица, повторно ја почувствуваа горчината на страдањата.
Молејќи Го Воскреснатиот Спасител да дарува траен мир и благосостојба на Вашето богољубиво паство и на целиот народ на Сирија, останувам со братска љубов во Христа Исуса.
+КИРИЛ,
Патријарх Московски и на сета Рус
