Се упокои митрополитот Дамаскин Кидониски од Црквата на Крит

Во попладневните часови на 8 април 2025 година се упокои Високопреосвештениот митрополит на Кидонија и Апокоронас, г. Дамаскин од Црквата на Крит, која е автономна Црква во рамките на Цариградската Патријаршија.

Митрополитот Кидонија и Апокоронас г. Дамаскин (Папајанакис), е роден во Хања, Крит, во 1958 година. 

По основното образование, учел во Црковното училиште на Крит и на Теолошкиот факултет при Универзитетот во Солун, каде што завршил и постдипломски студии по Литургика и Црковна уметност, стекнувајќи магистерска титула. 

Во 1976 година се замонашил, во 1981 бил ракоположен за ѓакон, а следната година за свештеник. 

Во 2001 година бил назначен за протосингел од тогашниот митрополит на Кидонија и Апокоронас, г. Иринеј. 

На 7 ноември 2006 година, едногласно бил избран за митрополит на Кидонија и Апокоронас од Светиот епархиски синод на Крит.