На 20 јули 2024 година, Светиот Синод на Албанската православна црква соопшти:
„Со најдлабока тага известуваме за упокојувањето во Господа на Митрополитот на Берат, на Авлона и на Канина Игнатиј, наш брат и сослужител. Тој се упокои денес, на 20 јули 2024 година, по тригодишно боледување во болница во Атина.
Митрополитот на Берат, на Авлона и на Канина Игнатиј (Тријандис), од арванитско потело, е роден на 8 ноември 134 година во Тива (Грција). Се школувал во богословското училиште ’Патмијада’ и на Богословскиот факултет при Атинскиот универзитет. Има завршено и музичко училиште во Пиреја.
Неговиот живот е обележан со посветеност кон Црквата. Бил на служба во Атинската архиепископија, како проповедник и учител, уште како лаик (мирјанин). Во 1967 година бил ракоположен за ѓакон и презвитер од Митрополитот на Тива и на Левадија Никодим, а бил свештенослужител во митрополитскиот храм и архијерејски намесник (1967-1972). Бил игумен на манастирот ’Преподобен Лука’ во Левадија (1968-1976) и на манастирот ’Преподобен Серафим Домву’ (1975-1996), свештенопроповедник и духовник во Митрополијата.
За Митрополит на Берат е избран на 24 јуни 1992 година. Во епископски чин е ракоположен на 27 јуни 1996 година. На 18 јули 1998 година е интронизиран во Берат од Архиепископот на Тирана, на Драч и на цела Албанија г. Анастасиј.
Во параклисот на Архиепископијата беше отслужен помен за упокојување на неговата исклучителна душа во земјата на живите.
Опелото е предвидено да се отслужи на 23 јули 2024 година во митрополитскиот храм ’Св. Димитриј’ во Берат.
Чесна е пред Господа смртта на Неговите преподобни (Пс 115, 6). Нека му е вечен споменот!“
Извор: https://orthodoxalbania.org/2020/el/2024/07/20/ορθόδοξος-αυτοκέφαλος-εκκλησία-της-α-3/