Митрополитот Неохориски Павле, помошен епископ на Архиепископот Атински, по кратко боледување, се упокои во понеделникот, на 10 февруари годинава, на 84-годишна возраст – известуваат грчките црковни медиуми.
Според достапните информации, опелото на блаженоупокоениот архијереј ќе се одржи во четврток, 13 февруари, во храмот „Свети Андреј“ во Атина.
Блаженоупокоениот Митрополит Неохориски, кир Павле (Атанатос), е роден во Кардица во 1941 година. Дипломирал на Богословскиот факултет во Солун во 1969 година. Бил ракоположен за ѓакон и презвитер во 1970 година од Митрополитот на Шведска, Полиевкт. Служел како настојател на Катедралниот храм во Стокхолм (1970-1975), а потоа во храмовите „Св. Константин и Елена“ (1975-1979) и „Св. Харалампиј“, во Атина (1979-1995).
На 28 јануари 1995 година бил ракоположен во епископски чин како титуларен Епископ Неохориски, помошен епископ на Атинската архиепископија.
Ракополагањето го извршил Митрополитот на Мегара Вартоломеј, со сослужение со Митрополитите: Паронаксиски Амвросиј, Закинтски Хризостом, Тирски Пантелејмон, Китирски Јаковм, Илијски Герман, Лимноски Јеротеј, Лариски Игнатиј и Епископот Христополски Петар.
На 3 ноември 2021 година бил воздигнат во чин Митрополит.
Извор: https://orthodoxia.info/news/ekoimithi-o-mitropolitis-neochorioy-pa/