Според информации на информативната агенција Ортодоксија, се упокои поранешниот игумен на манастирот Ивирон на Света Гора, старецот Василиј Гондикакис.
Плодниот по пишување светогорски Старец се упокои денес наутро, додека во последниот период беше хоспитализиран во Одделение за интензивна нега, поради повреда што ја претрпе пред неколку недели. Конкретно, во навечерието на празникот Успение на Пресвета Богородица, додека се наоѓаше во манастирот Ивирон, пред вечерната богослужба, падна и се повреди, при што претрпе тешко оштетување на рбетниот столб. Итно беше префрлен во болница, каде што по операцијата мораше да биде сместен во интензивна нега, каде што и остана до неговото упокојување.
Блаженоупокоениот старец Василиј веќе го имаше навршено 90-тиот животен јубилеј и претставуваше една од видните личности на современото светогорско монаштво.
