Се упокои во Господа Митрополитот Елејски Теодорит од Цариградската Патријаршија

На 5 март 2025 година, се упокои во Господа Високопреосвештениот Митрополит Елејски Теодорит од Цариградската Патријаршија, на возраст од 84 години. 

Со световно име Стилијанос Цириготис, тој е роден во селото Велиес Лакониски, во Грција, во 1941 година. 

Студирал теологија прво на Теолошката школа на Халки, но поради нејзиното затворање, студиите ги завршил на Теолошкиот факултет во Атина, од каде што дипломирал во 1974 година. 

Во 1979 година бил прогласен за доктор на науки на Филозофскиот факултет во Гренобл, Франција. 

Во 1963 година бил замонашен во манастирот „Свети Четириесет Маченици“, во Спарта. 

На 30 јануари 1964 година бил ракоположен за ѓакон, а на 1 јули 1967 година за свештеник од Митрополитот Монемвасијски и Спартански, г. Кипријан. 

Бил игумен на манастирот „Свети Четириесет Маченици“, во Спарта, од 1968 до 1976 година. 

Во 1978 година бил назначен за професор на црковна школа во Патмос, а потоа бил испратен во Персија како Патријаршиски егзарх и директор на тамошното Грчко училиште. 

Од 1980 до 1985 година бил игумен на ставропигијалниот манастир Влатадон, во Солун.

На 25 март 1984 година бил ракоположен за титуларен епископ на Елеја, а од 1985 година живеел во повлекување. 

На 10 јануари 2023 година бил воздигнат во активен митрополит со истата титула.

Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/68239-ekoimithi-o-mitropolitis-elaias-theodoritos