Монахот Митрофан Хиландарец се упокои денес, на Водокрст, 18 јануари 2025 година (5 јануари според јулијанскиот календар) во Светата царска српска лавра Хиландар на Света Гора.
Роден е како Лука Концулиќ на 31 јануари 1957 година во местото Горње Бабице (Босна и Херцеговина), од татко Милан и мајка Мара.
За искушеник во Хиландар беше примен на 8 март 2002 година, а монашки потстриг доби по две години, на 12 мај 2004 година. Голема схима прими на 22 март 2015 година. Должноста член на Светиот собор на старците во манастирот Хиландар ја извршуваше од 19 септември 2017 година, а на 13 јануари 2018 година беше именуван за втор епитроп на Хиландар.
За време на својот монашки живот беше на послушание во манастирската книжарница, каде што се среќаваше со многу поклоници кои секогаш ќе го паметат по неговата насмевка и добро расположение.
Неговите браќа монаси, Светогорците и поклониците кои имаа можност да присуствуваат на богослуженијата во Хиландар ќе го помнат и по неговото смирено читање на Акатистот, со необична предаденост и топлина.
Господи, упокој ја душата на Твојот слуга, монахот Митрофан!
Извор: https://www.hilandar.org/upokojio-se-u-gospodu-monah-mitrofan-hilandarac/