Голем број мали деца, заедно со нивните родители, го исполнија соборниот храм „Света Троица“ во Тбилиси, Грузија, на 23 ноември кога беше извршена 72-та групна крштевка.
Станува збор за традиција во земјата што ја воспостави Патријархот Грузиски г.г. Илија, сакајќи на тој начин да ја зацврсти верата на народот и посветеноста на семејството. Околу 700 деца беа додадени во крштелните книги на Патријархот на Грузија на последната крштевка, а вкупниот број на крстени деца на овие крштевки ја надмина бројката од 50.000.
Поглаварот на Православната Црква на Грузија ја изврши првата масовна крштевка на деца на 19 јануари 2008 година. Со цел да се справи со нискиот наталитет, Патријархот на Грузија изјави дека ќе го крштева третото дете на брачните парови кои се венчале со црковен брак.
















