Во сабота, на 3 август 2024 година, со благослов на Неговата Светост Бугарскиот Патријарх и Митрополит Софиски г.г. Даниил, Преосвштениот епископ Бранички Пахомиј, викар на Софискиот Митрополитот го ракоположи долгогодишниот секретар и учител на богословијата, о. Слави Спасов во свештенички чин.
Заедно со епископот Пахомиј, служеа: отец Александар Васев од Делчевско-каменичката епархија на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, архимандрит Мелетиј – ректорот на Софиската богословија, архимандрит Јоаким – игумен на манастирот Дивотин и други свештенослужители од Бугарската православна црва.
На крајот од богослужбата, Неговото Преосвештенство епископот Пахомиј му честиташе на отец Слави и му посака долги години служба на Црквата и на Божјиот народ. Тој во својата проповед како пример го посочи прекрасниот, подвижнички и исповеднички живот на светите преподобни отци Исак, Фавст и Далматиј. „Можам лично да посведочам дека новоракоположениот свештеник Слави е достоен човек. За неговите многубројни дела сведочи љубовта и признанието на сите вас, како и на студентите на Софиската богословија, кои учат од него и на кои тој им помага во нивниот развој“, рече владиката Пахомиј.