Семинар за усовршување на свештенството се одржа во Јагодина, Србија

На празникот на преподобните Ефрем Сирин и Исаак Сирин, на 10 февруари 2026 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Шумадиски Јован, од Српската Православна Црква, отслужи света Литургија во храмот Црква Свети апостоли Петар и Павле во Јагодина.

По богослужбата, во салата на новиот парохиски дом при храмот беше организиран семинар за стручно усовршување на свештенството. Семинарот со наслов „Литургискиот живот во теорија и пракса“ опфати предавања од професори на Православен богословски факултет во Белград: деканот презвитер проф. д-р Србољуб Убрипариповиќ, протојереј-ставрофор проф. д-р Зоран Крстиќ, проф. д-р Ненад Милошевиќ и ѓакон доц. д-р Здравко Јовановиќ.

По предавањата на почитуваните учители на Црквата, на кои митрополитот Јован им заблагодари за љубовта и подвигот да одржат семинар за свештенството од Јагодина, Лапово и Топола, се разви плодна дискусија поттикната од прашањата и интересот на свештениците за оваа важна тема за животот на Црквата.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//15728.seminar-za-svestenstvo-u–jagodini.html