Православни христијани од повеќе јурисдикции се собраа во Атланта, на 13 март 2026 година, на годишниот „Марш за живот“ во сојузната држава на САД Џорџија.
Познато е дека учесници имало од парохјани од Руската задгранична Православна Црква, од Српската, Цариградската и Антиохиската Патријаршија, известува американската редакција на Сојузот на православни журналисти.
Пред самиот марш, отец Даниел Илиев и ѓаконот Марк Кинг од храмот „Св. Марија Египетска“ (Руска задгранична Православна Црква) отслужија молебен кон Пресвета Богородица на просторот пред Капитолот на Џорџија, додека верниците држеа крстови и знамиња. По службата следеше литија.
Воведниот говор на маршот го одржа сенаторот на сојузната држава Џорџија, Ед Сецлер, парохијанин на храмот „Св. Стефан“ на Антиохиската Православна Црква. Сецлер објасни како движењето за заштита на животот најнапред го поттикнало да влезе во политиката и ги охрабри присутните да излезат од својата зона на удобност.
Сецлер говореше и за Богородица, велејќи: „Слава Му на Бога – рече таа – еве ја слугинката Господова. Таа ја донесе најголемата одлука во полза на животот во целата човечка историја. Преку тоа Христос дојде во овој свет, за сите ние да бидеме спасени и помирени со Бога. Ви го споделувам тоа затоа што и таа беше повикана да излезе од својата зона на удобност како тинејџерка. Сакам да ве предизвикам да бидете подготвени да излезете од својата зона на удобност. А можеби и да излезете од својата зона на удобност за воопшто да бидете овде денес.“
Сецлер го заврши својот говор со молитва, молејќи Го Бога да ги придвижи срцата на собраните и да ги приближи кон Него.
Православните христијани со децении учествуваат на маршеви за заштита на животот во Соединетите Американски Држави и во други земји, со особено силно присуство и лидерска улога на националниот „Марш за живот“ во градот Вашингтон.









Извор: https://uoj.news/news/86697-orthodox-faithful-out-in-force-at-georgia-march-for-life
