Сериозни прашања од Света Гора за Личниот идентификациски број

Свештената заедница на Света Гора испрати писмо до министерот за дигитално управување г. Димитриос Папастерју во врска со претстојното издавање на Личниот идентификациски број на граѓаните на Грција. „Личниот идентификациски број“ ќе се издава задолжително на секој граѓанин на Грција кој има „Единствен даночен број“ или „Матичен број за осигурување“ и ќе служи за идентификација на граѓаните во однос на правните субјекти на државата во областа на даноците, работните односи и осигурувањето.

Новиот личен идентификациски број ќе се состои од 9 цифри и според намената е сличен со „Единствениот матичен број“ кој постои во Македонија.

Во продолжение го пренесуваме ова писмо во целост.


Почитуван господине министере,

Свештената заедница на Света Гора, откако беше информиран за претстојното издавање на Личниот идентификациски број на граѓаните, како што е опишано во законот 4727/2020 „за дигитално управување“, сака да се обрати до Вас со ова писмо за да постави неколку важни прашања:

Законот предвидува дека Личниот идентификациски број се доделува задолжително на секое физичко лице и останува непроменет во текот на целиот негов живот. Исто така, законот и неговото образложение го истакнуваат главните цели на овој број., а тоа е да им олесни на граѓаните при нивните трансакции со јавните институции.

Имајќи предвид дека не постои слична обврска согласно Европската директива, ве молиме да ни ја објасните потребата од задолжителна примена на оваа мерка во нашата земја. Зошто Личниот идентификациски број станува задолжителен, а не опционален?

Изразуваме сериозна загриженост и тревога за заштитата на личните податоци на граѓаните, бидејќи Личниот идентификациски број може да поврзе многу лични информации во единствен систем.

Како може да се биде сигурен дека овие податоци ќе бидат безбедно заштитени и нема да бидат нарушени?

Државниот секретаријат за информатички системи на јавната администрација, каде според законот ќе се води „Регистарот на Личниот идентификациски број“ и каде што ќе бидат „преземени сите потребни технички и организациски мерки, особено енкрипција“, може ли да ја гарантира безбедноста на нашите лични податоци?

Со должно почитување, ве молиме за обезбедување на потребните објаснувања од Ваша страна, и остануваме со исклучителна чест и добри желби.

Сите претставници и старешини на дваесетте свети манастири на Света Гора Атон.


Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/64806-sovara-erotimata-tou-agiou-orous-gia-ton-prosopiko-arithmo