Светиот Синод на Руската задгранична Православна Црква ја врати поранашната монахиња Васа (Барбара Ларин) во статус на мирјанин, одземајќи ѝ ја монашката облека.
Поранешната сестра Васа, водителка на емисијата „Кафе со сестра Васа“ и професорка по литургиски студии на Католичкиот теолошки факултет на Универзитетот во Виена, Австрија, минатата недела отпатува во Киев, каде што предизвика скандал меѓу верниците поради нејзините контакти со ПЦУ и гонителите на канонската Црква во Украина.
Таа одржа предавања пред студенти на ПЦУ на Киевската теолошка академија, се сретна со неколку свештеници кои се суспендирани од страна на Украинската Православна Црква, направи интервју со висок претставник на Украинската влада кој работи на забраната на Украинската Православна Црква, и присуствуваше на Литургија во храм на ПЦУ.


Сестра Васа јурисдикциски припаѓа на Руската задгранична Православна Црква која на 12 мај донесе одлука да се прифати решението на нејзиниот надлежен архијереј, Епископот Лука Сиракуски, со кое ѝ се одзема монашката облека, заради непослушание, и се враќа во редот на мирјаните.
Оваа одлука, објавена на 16 мај годинава, ја пренесуваме во целост.
29 април / 12 мај 2025
До Неговото Преосвештенство епископ Лука од Сиракуза
и до Барбара Ларин (поранешна монахиња Васа)Указ на Светиот Архијерејски Синод
Бр. 01/05/2025На седницата на Светиот Архијерејски Синод, одржана во Лондон на 26 април / 9 мај 2025 година, беше разгледана кореспонденцијата помеѓу епископ Лука од Сиракуза и расофорната монахиња Васа (Ларин).
Беше прочитано последното писмо од епископ Лука, во кое Неговото Преосвештенство ѝ го одзема расото поради непослушност.
Одлучено е:
1. Да се потврди одлуката на епископ Лука од Сиракуза.
2. Да ѝ се забрани на поранешната монахиња Васа да носи монашка облека, да го користи монашкото име дадено при постригот, како и да се претставува јавно како монахиња на Руската задгранична Православна Црква.
3. Оваа одлука да се објави.
+ Николај
Митрополит на Источна Америка и Њујорк
Претседател на Светиот Архиејерјски Синод+ Кирил
Архиепископ на Сан Франциско и Западна Америка
Секретар на Светиот Архијерејски Синод
Извор: https://www.synod.com/synod/eng2025/20250516_enukazsv.html