Од 11 до 26 јануари на островот Шри Ланка се одржа мисионерска експедиција на Руската Православна Црква. Целта на експедицијата беше поддршка на духовното наследство и зајакнување на врските меѓу православните заедници во Шри Ланка и Руската Православна Црква.
За време на патувањето беа отслужени седум Божествени литургии, едно сеноќно бдение, две служби на светататТајна Крштение, како и бројни други служби и молебни, пренесува Синодскиот мисионерски оддел на Руската православна црква.
Членовите на експедицијата ги посетија рускојазичните заедници во Коломбо, Гале, Унаватуна и Хикадува, како и локалните православни заедници кои примија свето Крштение за време на претходни мисионерски патувања во градовите Кегале, Курунегала и населбите Мелсирипура и Маспота.
Тие исто така ги посетија локалните заедници во Дамбула, како и оддалечените населби Наголагама и Араула, каде што луѓето поминуваат катехизација за приклучување кон Црквата и покажуваат интерес за православната вера. За време на богослужбите, 75 сонародници и 110 локални жители, вкупно 185 верници, пристапија кон светите тајни Исповед и Причест.
Покрај тоа, во две служби беа крстени 18 луѓе, меѓу кои и поранешен пастор на Црквата на Источните Верници, кој доброволно се согласи да биде примен во Црквата како мирјанин и да продолжи да служи како православен мисионер во Дамбула.
За време на мисионерските посети на населбите каде што се врши мисионерска работа меѓу локалното население, беа организирани средби со катихумени и локални заедници заинтересирани за православната вера. Околу 90 луѓе учествуваа на овие средби, а приближно 50 од нив веќе изразија желба да ѝ се придружат на Црквата по завршувањето на катехизацискиот курс.
За време на патувањето беше објавено второто издание на краткиот православен молитвеник на сингалски јазик, ѕиден календар со дневни православни молитви и Акатист кон Најслаткиот Исус. Започната е и подготовката за повторно издавање на Типикот за локалните мирјански мисионери да можат да ги извршуваат службите.
Дополнително, мисионерите нарачаа превод на „Кратка црковна историја за православните верници“ од отец Ајдан Келер од англиски на сингалски јазик. Продолжи и редакцијата на преводот на Божествената литургија на сингалски.
Павел Јесин, постдипломец на Институтот за постдипломски студии „Св. Кирил и Методиј“, продолжи со часовите по црковно пеење со младинската група на православната парохија во Курунегала. Младите луѓе ги изучуваа песнопенијата на ектениите и „Свети Боже“. Исто така, беше подготвена музичка нотација за „Вие што во Христа се крстивте“ на сингалски јазик.
Во 2023 година, Синодскиот мисионерски оддел на Руската православна црква доби барање од група православни верници од Шри Ланка за редовно духовно раководство од руски православни свештеници. Претходно, 52 локални православни верници беа крстени од отец Кирил Шкарбул, старешина на парохиите во Тајван.
На 13 јануари 2024 година се одржа првата мисионерска експедиција на Синодскиот мисионерски оддел на Цејлон. Во текот на 2024 година беа организирани четири мисионерски патувања, вклучително и експедиција во времетраење од еден и пол месец, во рамките на која беа спроведени систематска катехизација и православни предавања за новокрстените локални жители.
Во 2024 година беа отслужени десет Божествени литургии и три служби на светата тајна Крштение.










Извор: https://sinmis.ru/missionerskaya-gruppa-smo-sovershila-chetvertuyu-ekspedicziyu-na-shri-lanku/