Синајската Света Обител добива правен статус во Грција по 15 векови

Спорот за манастир „Света Екатерина“ на Синај во Грција се решава преку нов законски предлог на Министерството за образование, верски прашања и спорт, чиишто дискусии започнаа во Комисијата за образовни прашања на грчкиот парламент.

„Грчката држава практично ја потврдува својата решеност да ја поддржи мисијата и делото на Светата Обител, како и да ги заштити нејзините интереси“, изјави министерката за образование, верски прашања и спорт, Софија Захараки, за време на расправата за предлог-законот во надлежната парламентарна комисија.

Покрај тоа, со истиот предлог-закон се засилуваат Високите црковни академии и теолошките факултети при високите образовни институции, преку олеснување на студиите за странски студенти. Конкретно, се предвидува дека до 10 кандидати Антиохиската Патријаршија, државјани на Сирија или Либан, можат да бидат примени во кој било отсек на грчко високо образование по предлог на Антиохиската Патријаршија, со согласност на  Црквата на Грција и грчкото Министерство за надворешни работи.

„На овој начин грчката држава активно ја поддржува Антиохиската Патријаршија во унапредувањето на образованието на своето свештенство и воспоставува директен канал на комуникација со православните во Сирија“, потенцираше Захараки.

Долг телефонски разговор на 23 јули 2025 година имале грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и претседателот на Египет, Абдел Фатах ал-Сиси. Централни теми биле разграничувањето на морските зони во Источниот Медитеран, ситуациите во Либија и Газа, како и прашањето околу Синајскиот манастир Света Екатерина.

Ал-Сиси ја потврдил непоколебливата посветеност на Египет за заштита на верските свети места на својата територија, вклучително и на манастирот „Света Екатерина“, имајќи ја предвид неговата длабока религиска и историска вредност.

Извор: https://www.orthodoxianewsagency.gr/ieres-mones/i-iera-moni-sina-apokta-nomiki-prosopikotita-stin-ellada-meta-apo-15-aiones/