Синодот на Бугарската Црква повика на молитва за брзо гаснење на разгорените пожари

На 30 јули 2025 година Светиот Синод на Бугарската Православна Црква упати повик до своите верници да се молат за брзо гасење на разгорените пожари во Бугарија и во соседните држави:

„Ги повикуваме сите чеда на Бугарската Православна Црква – Бугарска Патријаршија на усрдни секојдневни молитви кон Сесмилостивиот Бог, Изворот на животот и милоста, за брзо гаснење на разгорените пожари во нашата татковина, во соседните земји од Балканскиот Полуостров и во целиот свет. Да се помолиме Господ да им дарува сила на пожарникарите, да ги поддржи настраданите и загрозените, да ги заштити немоќните и да ја запре огнената стихија.“

Извор: https://bg-patriarshia.bg/news/priziv-na-sv-sinod-na-bpts-bp-za-molitva-za-barzoto-potushav