Синодот на Бугарската црква во врска со геј-парадата во Софија

Изјава на Светиот Синод на Бугарската православна црква-Бугарска патријаршија во врска со претстојната геј-парада:

„Драги чеда на нашата Света Црква, на 22 јуни, кога православните христијани упатуваат молитвен повик кон Сештедриот Бог за своите починати блиски и се молат за покој на нивните души, втора година по ред во Софија – градот на Божјата Премудрост – ќе се одржи таканаречениот ’Софија прајд’. Во денот, кога си спомнуваме за своите починати, ќе бидеме повторно сведоци на јавна демонстрација на гревот и на неговото прифаќање како начин на живот. Светата Црква повеќе пати има кажано дека современото општество, откорнато од своите христијански корени, за жал, го менува сфаќањето за основни вредности како љубов и слобода. Меѓутоа, да го љубиш, да го цениш и да го уважуваш човекот не значи да премолчуваш и да бидеш рамнодушен, доколку тој тргнал по лажен или погубен пат. Затоа, однесувајќи се со пастирска загриженост, одговорност и татковска љубов кон сите, ние им се спротивставуваме на обидите да се наложува гревот како норма и вредност во бугарското општество. Го молиме Сештедриот Бог, Кој не ја сака смртта на грешникот, туку да се обрати од својот пат и да биде жив, да им даде покајание и вразумување на сите, да им ги прости согрешенијата и да ги спаси по Своите големи милост и човекољубие“.

Извор: https://mitropolia-sofia.org/2024/06/21/църковни-новини-от-страната-и-света-з-199/