Слава на Војската на Србија

Неговото Преосвештенство, викарниот Епископ Липљански и воен г. Доситеј, на 1 август 2024 година, на празникот на Светиот деспот Стефан Високи (Лазаревиќ), крсната слава на Војската на Србија, служеше света архијерејска Литургија во црквата „Свети апостол Марко“, во Белград.

На торжествената богослужба во познатиот храм Божји на Ташмајдан, кој со одлука на Неговата Светост Патријархот доби статус на воен храм (со оглед на тоа дека во него веќе постои олтар посветен на Светиот деспот Стефан и додека не се создадат услови Војската да има свој храм посветен на синот и наследникот на Светиот кнез Лазар Српски), присуствуваа министерот за одбрана г. Братислав Гашиќ, началникот на Генералштабот на Војската на Србија генерал Милан Мојсиловиќ, членови на колегиумот на министерот за одбрана и началникот на Генералштабот, припадници на Министерството за одбрана и Војската на Србија и многуброен верен народ од престолнината.

Епископот Доситеј на собраното христољубиво воинство им го пренесе благословот и поздравот од Неговата Светост Патријархот српски г. Порфириј и во негово име им ја честиташе славата на сите припадници на Војската на Србија. „Денес сме собрани да молитвено Го прославиме Бога и прекрасниот меѓу Светците Божји, деспот Стефан Лазаревиќ, храбар и непобедлив во битките, во дипломатијата – мудар преговарач, во својата ќелија – скромен и скрушен молитвеник и подвижник. Светиот деспот Стефан е заштитник на нашата Војска, кој бдее над нас, и затоа да му упатиме молитви да нè укрепи за да имаме сила да се одбраниме во овие тешки времиња“ – рече во својата проповед епископот Доситеј.

Извор: https://spc.rs/krsna-slava-vojske-srbije/