Чинодејствие на Благодатниот оган во Ерусалимската Патријаршија

На пладне на Велика Сабота, на 6/19 април 2025 година, се одржа чинодејствието на Благодатниот оган според типикот и поклоничкиот ред на Ерусалимската Патријаршија.

Според овој ред, Неговото Блаженство Патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, околу 12:00–13:00 часот слезе од Патријаршијата по скалите на Катедралниот храм „Свети Јаков Брат Господов“ и влезе во олтарот на храмот на Воскресението, кој беше преполн со поклоници од многу православни земји и локални верници, како и верници од други деноминации – Ерменци, Копти, Етиопјани и Сиријци – под строго обезбедување од израелската полиција.

Со влегувањето на Неговото Блаженство во олтар, му пристапија и побараа благослов за да го примат Благодатниот оган претставниците на Ерменската, Сиријската и Коптската црква.

Откако Патријархот и свештениците се облекоа, започна литијата трипати околу Светиот Гроб, со запалени свеќи и псалмопеење на химните „Светлина тивка…“ и „Твоето воскресение, Христе Спасе…“.

По третата обиколка, Патријархот облечен само во стихар, влезе во Светиот Гроб, од каде што, откако се помоли, го предаде Благодатниот оган од Воскресението Христово на илјадниците верници, кои со радост го примија и излегоа од светиот храм на Воскресението.

По завршувањето на службата, Патријархот се врати во Патријаршијата, предводен од извиднички формации кои удираа на тапани, како знак на учество во сè уште присутните војни. Таму, од неговите раце го примија Благодатниот оган претставниците на Црквата на Грција, предводени од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Гревенски г. Давид.

ΤΕΛΕΤΗ ΑΦΗΣ ΑΓΙΟΥ ΦΩΤΟΣ 2025 | Ιεροσόλυμα | Jerusalem Holy Fire Ceremony | Easter 2025ΤΕΛΕΤΗ ΑΦΗΣ ΑΓΙΟΥ ΦΩΤΟΣ 2025 | Ιεροσόλυμα | Jerusalem Holy Fire Ceremony | Easter 2025

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/leitourgiki-zoi/η-τελετη-του-αγιου-φωτοσ-εισ-το-πατρια-11/