Службата за безбедност на Украина прашува „Сите ли знаат кога е Божик?“

На 24 декември 2025 година, на ТикТок-каналот на Службата за безбедноста на Украина се појави видеоснимка со наслов „Сите ли знаат кога е Божик?“. На кадрите се прикажани припадници на безбедносните служби со автоматско оружје како насилно влегуваат во еден стан. Над видеото авторите поставиле натпис: „Кој доаѓа да ‘коледари’ кај оние што го празнуваат Божик на 7 јануари“.

Од Службата за безбедност на Украина не појаснија дали ова видео претставува реална закана за православните верници кои се придржуваат до јулијанскиот календар, или станува збор за своевиден „хумор“ од страна на органите на редот.

Новооснованата Православна Црква на Украина (ПЦУ), која доби томос од Цариградската Патријаршија во јануари 2019 година, неполн месец по своето основање, но останува делумно признаена од само четири помесни Православни Цркви, во 2023 година го смени црковниот календар и од стариот (јулијански) се префрли на користење на новиот (грегоријански) календар. Оттука ПЦУ Божик го празнува на 25 декември, а канонската Украинска Православна Црква останува да го празнува Божик на 7 јануари.

Извор: https://www.tiktok.com/@sbu_bavovna/video/7587394572871798024