Според властите, во последните 48 часа биле регистрирани повеќе од 200 земјотреси на островот Сантирони, а државните механизми се ставени во готовност и на околните острови. И покрај тоа, на 1 и 2 февруари, беше одбележан големиот празник Сретение Господово.
Во рамките на превентивните мерки поради засилената сеизмичка активност, беше одложена празничната манифестација на катихетските школи на Митрополијата, која беше закажана за вчера. Исто така, според соопштението на Канцеларијата за млади при Митрополијата, се одложува и предавањето на 3 февруари 2025 година во рамките на програмата „исцелителна моќ на семејството“.
Во пресрет на празникот, Неговото Високопреосвештенство митрополитот на Тира, Аморгос и Островите, г. Амфилохиј, чиноначалствуваше на свечената вечерна богослужба со учество на свештенството од островот.
Во своето слово, архијерејот зборуваше за условите под кои пророкот Симеон се сретнал со младенецот Христос, нагласувајќи дека истите услови важат и за сите верници кои сакаат да го „сретнат“ Бога – вера, љубов и смирение.
Понатаму, митрополитот истакна дека средбите со Бога се случуваат или преку изучување на Неговото слово или преку учество во светите тајни на Црквата. Но, за да бидат тие средби суштински, а не само формални, треба да водат кон духовна преобразба и вистинско соединување со Бога.
На самиот празник, Неговото Високопреосвештенство митрополитот Амфилохиј чиноначалствуваше на Утрената богослужба и претстоеше на Божествената Литургија.
Пред завршувањето на Божествената Литургија беше вознесена молитва за престанок на земјотресите. Потоа следеше литија со светата икона низ главниот град на островот, предводена од градскиот оркестар.







