Собор на Токиската Архиепископија

Во недела, 30 јуни оваа година, во соборниот храм „Воскресение Христово“ (Николаи-до) во Токио, се одржа 55-от годишен Собор на Токиската Архиепископијата, за 2024 година. Соборот започна по Неделната Божествена Литургија.

Претставници на свештенството и лаиците на Архиепископијата во Токио се собраа да разговараат за активностите во текот годината.

За време на Божествената Литургија, братот Јаков Фукаи Сабуро, кој долги години служи во Христијанската православна црква во Јокохама, беше произведен во чтец, од страна на Архиепископот Токиски и Митрополит на цела Јапонија г.г. Серафим, претстоителот на Јапонската православна црква.

Извор: https://www.orthodoxjapan.jp/article/20240630.html