Собор на вероучителите на Белградско-карловачката Архиепископија

Со молитвено учество на Неговата Светост Српскиот патријарх Порфириј, на 20 јуни 2026 година, со света Литургија во храмот „Св. Сава“ во Белград, со која началствуваше Преосвештениот викарен епископ Новобрдски Иларион, претседател на Одборот за веронаука на Архиепископијата Белградско-карловачка, започна Соборот на вероучителите на Архиепископијата Белградско-карловачка.

По читањето на евангелското зачало, владиката Иларион во својата беседа истакна:

„Денес често се наоѓаме во искушение слободата да ја сфаќаме како отсуство на ред и поредок, заборавајќи дека вистинската слобода подразбира одговорност и преиспитување на сопствените одлуки пред Бога. Човекот не се спасува само преку законот, туку пред сѐ преку верата. Христовите зборови дека не дошол да го укине законот, туку да го исполни, нагласуваат дека суштината на законот се остварува во љубовта кон Бога и кон ближниот.“

Работниот дел на Соборот продолжи во Народна библиотека на Србија, каде што катихетите ги благослови Неговата Светост патријархот Порфириј.

Обраќајќи им се на присутните, Патријархот истакна:

„Чувствувам огромна благодарност за трудот, напорот и жртвата што вероучителите ја вложуваат за Црквата. Навистина сметам дека вршите вистински подвиг и принесувате вистинска жртва трудејќи се да Го сведочите Христа. Српската Православна Црква и понатаму ќе се залага со сета сила за подобар општествен и работен статус и за соодветна положба на вероучителите во образовниот систем.“

Соборот на вероучителите претставува можност за заедничка молитва, размена на искуства и разгледување на предизвиците и перспективите на верската настава во рамките на Архиепископијата Белградско-карловачка.

Извор: https://spc.rs/sr/news/aktuelno//16988.sabor-veroucitelja-arhiepiskopije-beogradsko-karlovacke.html