На 14 јули 2025 година, во Трпезниот храм на светите Антониј и Теодосиј Киевопечерски, во Киево-Печерската лавра беше одржан годинешен Собор на архијереите на ПЦУ (Православната Црква на Украина, чија автокефалија е доделена од Цариградската Патријаршија).
Како што известува интернет страната на ПЦУ, учесниците на Соборот ја пофалиле дејноста на Претстоителот, и му изразиле целосна поддршка и „ја потврдиле желбата и подготвеноста за водење дијалог со цел постигнување единство на украинското православие околу Киевскиот престол, врз основа на Томосот за автокефалија“
„Соборот го поздрави донесувањето на законската забрана за верски организации во Украина да имаат административна потчинетост кон религиозни центри во Русија, и изрази надеж за понатамошна ефикасна имплементација на релевантните законски норми“ – се вели во соопштението.
