Собрание на канонски православни епископи на Соединетите Американски Држави: Изјава за украинскиот закон 3894 и повик за мир

На 16 септември годинава, Собранието на канонски православни епископи на Соединетите Американски Држави ја објави следната изјава:


Усвоена на 15 септември 2024 г.

Собранието на канонските православни епископи на Соединетите Американски Држави со сериозна загриженост и длабока тага ја следи тековната инвазија на Руската Федерација врз Украина, како и црковните предизвици во таа држава. Иако го признава легитимното право на владите да ги спречуваат сите безбедносни закани за време на војна, Собранието е длабоко загрижено заради усвојувањето на нацрт-законот 8371 (Закон 3894) од страна на украинскиот парламент.

Украина е религиозно плуралистичко општество. Во интерес на верските слободи и владеењето на правото, се молиме украинскиот закон 3894 да не се користи за прогон на која било верска заедница во Украина, што би ја загрозило религиозната слобода на милиони нејзини граѓани.

Собранието на епископи се моли за мирно решавање на оваа инвазија која ги засега граѓанските и човековите права на сите Украинци. Собранието, исто така, се моли и настојчиво повикува на итен прекин на воените дејства и враќање на сите заробеници.

Извор: https://www.assemblyofbishops.org/news/2024/uk-law-3894-peace