На 3 октомври 2025 година, Патријаршискиот егзарх на Југоисточна Азија на Руската Православна Црква, митрополитот Сингапурски и Југоисточноазиски Сергиј, кој привремено ја управува Тајландската епархија, отслужи Божествена литургија во соборниот храм „Св. Никола“ во Бангкок, Кралството Тајланд. Му сослужуваа секретарот на Тајландската епархија и настојател на храмот, архимандрит Олег (Черепанин), свештенството на Тајландската епархија и гости во свештенички чин.
На Малиот вход, со Указ на Патријаршискиот егзарх на Југоисточна Азија, за ревносна служба, свештениците Павел Срисуморо и Григориј Касикорнметхакул беа одликувани со правото да носат набедреник.
По заамвонотa молитва беше извршено поклонение на Крстот Господов и славење на светиот благоверен кнез Олег Брјански, чиј спомен се празнуваше тој ден.
По завршувањето на богослужбата, митрополитот Сергиј му го честиташе на архимандритот Олег (Черепанин) именденот и му врачи спомен-крст – известува веб-страницата на Тајландската епархија.
Истиот ден, под претседателство на Патријаршискиот егзарх на Југоисточна Азија, се одржа епархиско собрание на свештенството.












Извор: https://dioceseofthailand.org/2025/10/04/архиерейская-литургия-и-епархиально/
