Собранието на канонски православни епископи на Соединетите Американски Држави на 24 јуни годинава објави соопштение со кое го осудува терористичкиот напад врз православната црква „Св. Илија“, во областа Двејла на Сириската престолнина Дамаск.
Ова собрание е координативно тело, составено од сите активни, канонски православни епископи во САД, без разлика на јурисдикција. Собранието се смета себеси за наследник на SCOBA (Постојаниот конференциски комитет на православните епископи во Америка), и како такво ги има преземено сите негови агенции, дијалози и други служби.
Во продолжение го пренесуваме соопштението во целост.
Одобрено од Извршниот комитет на 23 јуни 2025 г.
Оплакувајќи ја загубата на најмалку 25 животи и жалејќи за страдањето на повеќе од 60 ранети верни православни христијани кои беа повредени во текот на Божествената Литургија во грчката православна црква Св. Илија, во Двејла, на 22 јуни 2025 г., ние, Собранието на канонски православни епископи на Соединетите Американски Држави, терористичкиот напад врз невините парохјани го осудуваме како кукавички приказ на екстремизам. Како што многу водачи на различни религии се изразија во текот на изминатиот половина век, и ние го објавуваме чувството дека насилството во име на која било религија е насилство против сите религии и против самиот Бог.
Се молиме усрдно за целата заедница на Св. Илија. Се молиме за целосно, телесно и духовно оздравување на оние кои го преживеаа ужасниот напад, и за нивната ментална благосостојба. За оние кои ги загубија своите животи, се молиме да почиваат во прегратките на Авраам, во место светло, место блажено, место мирно, каде што нема болка, жал ни воздишка.
Ја повторуваме нашата осудата на насилството и, како што изјавиме во заклучокот на нашиот годишен состанок на Собранието на канонски православни епископи, „насилство никогаш не може да реши насилство, а мирот треба да се бара по секоја цена“.
Извор: https://www.assemblyofbishops.org/news/2025/terrorist-attack-dweila-syria
