Сочувство од Ерусалимската Патријаршија за загинатите христијани во израелски напад

Православната Ерусалимска Патријаршија тагува поради смртта на маченичките Маиса Дауд и нејзината ќерка Мери, кои ги загубија животите во воздушен напад врз нивниот дом во Газа, рано утрото на 3 октомври годинава. Патријаршијата изразува искрено сочувство до нивното семејство и блиските.

Патријаршијата наведува:

„Со болка и со надеж во Воскресението, се молиме за упокоение на душите на Маиса и Мери. Нека Господ им дарува на нивните души покој на местото ‘каде што нема болка, ни тага, ни воздишка’, а на нивното семејство нека му дарува трпение и утеха“.

Патријаршијата додава:

„Секој човек е создаден според Божјиот образ. Секој човечки живот е свет. Во нашите молитви ги спомнуваме сите луѓе во Газа, кои бараат поддршка за своите починати, исцелување за ранетите и сила за оние што тагуваат“.

Во завршетокот на својата молитва, Патријаршијата наведува:

„Се молиме за прекин на војната и бомбардирањата и за заштита на цивилите. Нека завладее праведен мир, за народот на Газа да може да живее без страв за своите деца и блиски. Вечен им спомен!“

Извор: https://jerusalem-patriarchate.info/anakoinothenta/το-πατριαρχειον-ιεροσολυμων-πeνθει-κα/