Солза на иконата на Свети Ефрем во болница на грчкиот остров Калимнос

Веста што беше забележана утрото на 18 март 2026 година, на грчкиот остров во Егејското море Калимнос, во врска со икона на Свети Ефрем која наводно заплакала во просториите на Болницата, беше очекувано да доминира во локалната јавност, предизвикувајќи силен интерес и возбуда.

Од раните утрински часови и во текот на целиот ден, десетици граѓани се упатија кон местото за да го видат одблизу настанот и да ѝ се поклонат на иконата, која се наоѓа во молитвениот простор на старата зграда на болницата. Истовремено, настанот доби големи размери и на социјалните мрежи, каде беа споделувани фотографии и коментари.

Настанот првично бил забележан од медицинска сестра во болницата, која веднаш го известила директорот, наведувајќи дека забележала течност како тече од левото око на иконата. Директорот се упатил на местото и го потврдил настанот, по што веднаш ги известил црковните власти.

На местото пристигнале архијерејскиот намесник како и митрополитот на Лерос, Калимнос и Астипалеја, г. Пајсиј, кои ја потврдиле состојбата како што им била опишана. Дури, митрополитот собрал со памук дел од течноста, која – според сведоштва – испуштала карактеристичен благоухан мирис, а била отслужена и молитва и испеан тропарот на Свети Ефрем. Во кратката изјава, митрополитот теолошки се осврнал на настанот, нагласувајќи дека „чудото не се истражува“ и дека „тајната не се испитува, туку се доживува“, без притоа да има официјално соопштение од Митрополијата.

По напливот на голем број на верници и во договор со управата на болницата, било одлучено иконата да биде пренесена во блискиот параклис на Старечкиот дом на Калимнос. Целта на одлуката била да се олесни пристапот на граѓаните и да се избегне нарушување на работата на болницата.

Δάκρυ στην εικόνα του Αγίου Εφραίμ στο Νοσοκομείο Καλύμνου- Μεταφέρθηκε στο εκκλησάκι Γηροκομείου.Δάκρυ στην εικόνα του Αγίου Εφραίμ στο Νοσοκομείο Καλύμνου- Μεταφέρθηκε στο εκκλησάκι Γηροκομείου.

Извор: https://kalymnos-news.gr/2026/03/δάκρυ-στην-εικόνα-του-αγίου-εφραίμ-στο преку: https://www.orthodoxianewsagency.gr/mitropolitiko_ergo/ι-μ-λέρου-καλύμνου-και-αστυπαλαίας/dakry-stin-eikona-tou-agiou-efraim-sto-nosokomeio-kalymnou-metaferthike-sto-ekklisaki-tou-girokomeiou/