Соопштение од Цариградската Патријаршија во врска со изјавите на руските служби

Цариградската Патријаршија објави своја реакција на изјавите на Службата за надворешно разузнавање на Руската Федерација од 12 јануари 2026 година. Во соопштението од Патријаршијата, објавено на 13 јануари 2026 година, кое во продолжение го објавуваме во целост, е изразена тага поради нападот врз личноста на Патријархот, а конкретните обвиненија за намера за признавање на Црногорска Православна Црква не се коментираат ниту демантираат.

Соопштение во врска со изјавата на руските служби против Вселенскиот Патријарх

Мајката Црква на Константинопол – Мајка и на самата Црква на Русија – ја изразува својата најдлабока тага поради новиот руски напад врз личноста на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г.г. Вартоломеј, кој овој пат беше покренат од државни служби на таа земја. Од 2018 година, кога Вселенската Патријаршија донесе одлука за доделување автокефален статус на Црквата на Украина, Мајката Црква се воздржуваше од коментирање на безбројните слични напади што доаѓаа или од црковни или од политички центри и личности во Русија. Истото го прави и денес.

Фантастичните сценарија, лажните вести, навредите и фабрикуваните информации од секаков вид пропагандисти не ја обесхрабруваат Вселенската Патријаршија во продолжувањето на нејзината служба и нејзината вселенска мисија.

Извор: https://ec-patr.org/anakoinosi-schetika-me-tin-dilosi-ross/