Олимписките игри се врвен спортски настан, кој го привлекува интересот на милиони наши браќа и сестри од сите краишта на светот, а нивното отворање е од величествено значење бидејќи овозможува пригода за земјата домаќин да ги истакне својата историјата и културата, притоа ширејќи позитивно пораки на универзално ниво.
За време на церемонијата во Париз, со голема тага ги следевме навредливите претстави за христијанството и светото Евангелие, но и за секој цивилизиран човек, кој го признава правото на вероисповед и почитувањето на верските симболи.
Овие слики не само што не ја разубавија церемонијата, туку и ја оцрнија. Хулењето на Бога не е прогрес, ниту пак навредувањето на верските убедувања на нашите ближни е нечие право. Очекуваме дека спонтаното изразување на одбивност и неодобрување од страна на толку многу луѓе во светот испрати доволно гласна порака до одговорните и ќе биде извор на надеж за избегнување на слични постапки во иднина.
Фанар, 29 јули 2024.