Соопштение од Грузиската патријаршија за законот против ЛГБТ пропагандата

Грузиската православна црква објави соопштение во врска со законот „За семејните вредности и заштита на малолетните”. Во продолжение, ова соопштение го пренесуваме во целост.

Денес во Грузија, како и во многу земји во светот, заштитата на семејните вредности стана важен предизвик. Со текот на годините, Патријаршијата на Грузија и мнозинството население на ова прашање одговорија со голем број одговори, од кои секој беше за зачувување на семејните вредности во контекст на растечките предизвици.

Црквата на Грузија постојано ја заштитуваше и ја заштитува нашата младина од идеологиите кои ги поткопуваат традиционалните семејни структури. Пред неколку години, учебниците за учениците и наставниците по училишните предмети предизвикаа остра и правична критика од Грузиската патријаршија, бидејќи некои теми во тие учебници отворено го нагласуваа намалувањето на семејните вредности. Потребни беа долготрајни и активни напори за да се отстранат од образовните ресурси деловите што содржат ЛГБТ пропаганда, бидејќи образовните материјали мора да бидат конзистентни со нашите основни вредности.

Освен тоа, ширењето на ЛГБТ пропагандата многупати создаде значителен социјален раздор во општеството и дури стана инструмент за тензија во рацете на оние кои се обидуваат да ја продлабочат поларизацијата.

Врз основа на овие тенденции, законот „За семејни вредности и заштита на малолетниците“ којшто го усвои актуелната Влада на Грузија, е позитивен чекор напред.

Се надеваме дека законот ќе донесе плодотворни резултати за благосостојбата на нашето општество, бидејќи ова е важен и одлучувачки чекор за заштитата на традиционалните вредности кои го определуваат идентитетот на грузиската нација.

Извор: https://sazu.ge/posts/post/1814 преку: https://www.interpressnews.ge/ru/article/163370-patriarkhiia-zakon-o-semeinykh-tsennostiakh-i-zashchite-nesovershennoletnikh-iavliaetsia-vazhnym-i-reshaiushchim-shagom-po-zashchite-traditsionnykh-tsennostei-opredeliaiushchikh-samobytnost-gruzinskoi-natsii/