Соопштение од Руската Црква во врска со приведувањето на митрополитот Иларион (Алфеев)

Одделот за надворешни црковни врски на Московската Патријаршија објави соопштение од Синодскиот оддел за односите на Црквата со општеството и медиумите во врска со приведувањето на митрополитот Иларион (Алфеев) во Чешката Република, за кое известивме. Во соопштението се вели:

„На 24 мај 2026 година стана познато дека полицијата на Чешката Република го привела архијерејот на Руската Православна Црква, митрополитот Иларион (Алфеев), кој е ставен во пензија и служи во храмот на светите првоврховни апостоли Петар и Павле во Карлови Вари. Во врска со тоа, Синодскиот оддел за односите на Црквата со општеството и медиумите го изјавува следново.

Свештенослужителите на Руската Православна Црква, кои законски престојуваат на територијата на државите што се дел од Европската Унија, ги уживаат сите права и слободи предвидени со документите на ЕУ, вклучително и правото да бидат заштитени од незаконски кривичен прогон.

Дејствијата на органите за спроведување на законот во Чешка предизвикуваат основани прашања кај адвокатите во поглед на законитоста и почитувањето на процесните норми.

Ги повикуваме истражните и судските органи на Чешката Република да обезбедат почитување на сите права на митрополитот Иларион (Алфеев). Од своја страна, Руската Православна Црква ќе ги преземе сите мерки предвидени со законот за да му обезбеди правна помош на наведениот клирик.“

Извор: https://mospat.ru/ru/news/94323/