Во недела, 14/27 септември 2026 година, во Ерусалимската Патријаршија беше одбележан празникот на Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст.
Празникот започна со Вечерна богослужба во навечерието, на која началствуваше Блаженејшиот патријарх Ерусалимски г.г. Теофил. На Вечерната имаше кадење и пречек во Светото Место на Помазанието, поклонение пред Пресветиот Гроб и Голгота, кадење на светите места и литија со петолебие.
Празникот беше одбележан и со Света Литургија следниот, празничен ден, во храмот на Христовото Воскресение. Со богослужбата претстоеше патријархот Ерусалимски г.г. Теофил, а сослужуваше Неговата Светост патријарх Бугарски и митрополит Софиски г.г. Даниил, како и Ерусалимските архијереи и јеромонаси и бројни свештеници кои престојуваат во Ерусалим од различни православни земји.
По отпустот на Светата Литургија започна литија која продолжи низ просторот на местото на Помазанието до параклисот на Света Елена. Потоа Патријархот и високите членови на Светогробското братство, архијереи и свештеници, се спуштија во пештерата на пронаоѓањето на Чесниот Крст. Таму беше извршено Воздвижението на Чесниот Крст кон четирите страни на хоризонтот, за осветување на луѓето и на целото создание, согласно со Типикот.
Потоа следуваше литијата трипати околу Пресветиот Гроб, а потоа и искачувањето кон Страшната Голгота, каде што повторно беше извршено Воздвижението на Чесниот Крст од страна на Патријархот.
Веднаш по Воздвижението следуваше поклонението на местото каде што било положено чесното Дрво, од страна на двајцата поглавари, архијереите и свештениците, како и од Генералниот конзул на Грција во Ерусалим, г. Димитриос Ангелосопулос, амбасадорот на Бугарија во Израел и амбасадорот на Украина во Азербејџан, г. Јуриј Гушев.
На крајот, во просториите на Патријаршијата беше приредена прием за Бугарскиот Патријарх, при што беа прочитани пригодни обраќања.



























Извор: https://www.romfea.gr/epikairotita-xronika/78823-sylleitourgo-prokathimenon-sta-ierosolyma-foto
