На 4 мај, во неделата на жените мироносици, црквата „Пресвета Богородица Владимирска“ во Коронaдо, Костарика, црква која ѝ припаѓа на Руската задгранична православна црква, беше благословена со посетата на Неговото Преосвештенство епископот Серафим од Костајница, викар на Епархијата Новограчаничко-среднозападноамериканска на Српската православна црква.
На богослужбата се придружија и локални свештеници од три јурисдикции: Српската, Руската задгранична и Православната Црква во Америка – известува Српската православна епархија на Буенос Аирес и Јужна и Средна Америка.
Епископот Серафим одржа беседа за животот и подвигот на светите жени мироносици.
На трпезата со православната младина, владиката поучуваваше дека вистинската молитва го вклучува целото наше битие — телото, устата и умот — и дека кога ќе се воспостави внатрешен мир среде животната врева, тогаш срцето се очистува и станува одраз на Христос, преобразувајќи нè нас и околината:
„На места каде што има многу бучава и вознемиреност, треба да владее внатрешниот мир. Тој внатрешен мир мора да го стекнеме преку молитва и да се трудиме да го одразиме Христос во нашето срце. Кога Христос е во срцето, тогаш и внатрешната и надворешната околина се преобразуваат.
Кога се молиме, тоа не е само со зборови. Тоа е дејство на целото наше битие.
Нашето тело — преку поклони, нашата уста — преку зборови, а умот — преку внимание и концентрација. Сето тоа ни помага да разбереме дека се молиме и ни овозможува молитвата да слезе во срцето.“
